| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува војната во Лазарат: Полицијата апси наркодилери

lazarat3Стотина албански полицајци изведуваат акција за разбивање наркобанда во селото Лазарат. Според информациите од албанската полиција, во акцијата досега се уапсени 14 лица од 21 осомничен за напад на полицијата.

lzarat1

Повеќе од десет веќе се сослушани во обвинителството во врска со престрелката во која загина еден полицаец, а двајца беа ранети. Припадниците на специјалните сили за борба против дрога РЕНЕА и специјалните полициски сили и денеска ја продолжуваат акцијата против шверцерите и одгледувачите на дрога во Лазарат, место кое се наоѓа во близина на Џирокастро.

lazarat 2

На терен се уште се силни полициски единици со блиндирани возила кои вршат претрес од куќа во куќа  во потрага по оружје и лицата кои учествуваа во престрелката со полицијата. Лазарат е познато како фабрика за марихуана каде главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот ан минатогодишната опреација на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла и расад од ова растение.  При претресот беа пронајдени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакуваање на билки и две за преработка на хашиш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top