| четврток, 6 декември 2018 |

Авион се урна на плажа полна со туристи во Хрватска (ФОТО)

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во авионска несреќа која се случила во Каштел кај Сплит, Хрватска.

urnat-avion6

Мал спортски авион во кој се наоѓале трите лица од се уште неутврдени причини се урнал пред самата плажа на која имало голем број туристи и капачи.

urnat-avion3

 

Едното тело било пронајдено веднаш, додека нуркачките екипи телото на вториот загинат го пронашле во морските води. Лекарите се борат за животот на третото лице кое е во тешка здравствена состојба, има повреди скршеници на рацете, нозете, но и тешки повреди на главата.

urnat-avion4

Туристите кои биле сведоци на несреќата велат дека авионот летал нормално, а во еден момент нагло изгубил контрола и се урнал, додавајќи дека поголема трагедија е избегната поради присебноста на пилотот.

urnat-avion5

urnat-avion2

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top