Поради изведување градежни работи утре сообраќајот ќе биде во прекин на патните правци Кичево-Охрид и Кривогаштани-Крушеани.
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, сообраќајот ќе биде во прекин од 16:00 до 17:00 часот, поради минирање, додека на патниот правец 2335 КривогаштаниКрушеани ќе биде затворен за сообраќај за секаков вид на моторни возила во период од 05:00 08:00 часот поради градежни активности за водовод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.