| четврток, 6 декември 2018 |

Олеснување од ФЗОМ – отпис на долгот по основ на камата за неплатени придонеси

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска ја посетија Подрачната единица на Фондот во Тетово.

sstefanoskiii

Ова е продолжение на веќе почнатата активност, еден дел од работната недела тие да ја поминуваат во некоја од подрачните единици во државата со цел да се запознаат со реалните проблеми и потреби на осигурениците и на вработените и изнаоѓање можни моментални или системски решенија за надминување на проблемите и пропустите.

Директорот Стефаноски информираше за одредени бенефиции што во последниот период се усогласени во Фондот со подршка од Владата за измени на определени закони.

– Над 350 жители на тетовско што досега беа кривично гонети од Фондот за здравство за давање на лажни изјави за остварени приходи со измените на Законот за здравствено осигурување веќе нема да бидат кривично гонети со што уште еднаш покажуваме дека го слушаме гласот на народот и секогаш излегуваме во пресрет на нивните барања изјави Стефаноски.

Тој посочи дека денешната посета е и да се видат подготовките во Тетово, но и во другите подрачни единици на Фондот за прифат на барањата од граѓаните и поединците за отпис на каматите по основ на неплартени придонеси за здравствено осигурување како уште едно олеснување.

– Граѓаните ќе можат со поднесеното барање да добијат право Фондот да го отпише долгот по основ на камата и тие да може да го платат само главниот долг по што ќе може да ги остварат сите права од здравствено осигурување како што им следат. Тоа е уште една новина и придобивка за осиурениците и фирмите што работат во Македонија и се разбира и во Тетово рече Стефаноски.

Двајцата директори на ФЗОМ ја посетија и аптекарската станици во тетовското село Палатица. Согласно Законот за лекови секоја фирма што има најмалку 2 аптеки во едно населено место или пет на ниво на државата мора да отвори аптекарска станица во соодветни блиски населени места со одреден број на жители.

За аптекарските станици административното барање е вработениот да е најмалку фармацевтски техничар со што, според Стефаноски, заедно со останатите проекти на Владата и Министерството за здравство како што се „Рурален доктор“ и „Наш специјалист“ им овозможува на граѓаните полесно да можат да добијат рецепт и да се снабдат со потребниот лек што е можно поблиску до нивното место на живеење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top