| четврток, 6 декември 2018 |

ИД изврши три самоубиствени напади во Кобане

Терористичката групација Исламска држава изврши денеска три самоубиствени напади во Кобане во период од неколку часа, откако претходно навлезе во сирискиот град, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Kurdish-Islamic State conflict in Kobane

Првиот напад е извршен од бомбаш-самоубиец во пет часот по локално време на граничниот премин Мурситпинар на границата со Турција, а другите два се извршени меѓу 12 и 13 часот во истата зона. Засега не е познат бројот на жртвите, пренесува МИА.

Во центарот на градот се водат борби меѓу џихадистите и курдските сили, кои побараа поддршка по ненадејниот напад изутрината на ИД. Групацијата од Кобане беше протерана во јануари. Џихадистите навлегоа во градот облечени во униформи на курдските милиции „Сили за заштита на народот“.

Сириската државна телевизија и курдските активисти тврдат дека екстремистите влегле во Кобане преку територијата на Турција, но Анкара ја демантираше оваа информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top