Потребно е многу малку време за по доброто утро да ви се познава денот.
Топла вода со лимон
Овозможува хидратација на кожата, го стимулира вашето тело и ќе ви даде витамин Ц, кој ќе ве направи посилни, а вашата кожа поубава. Всушност, некои студии покажале дека луѓето кои пијат вода со лимон наутро, во текот на денот ќе консумираат помалку калории.
Пуштете ја омилената песна и танцувајте, скокајте или вежбајте
Сигурно имате 3 минути за да го подобрите расположението? Пуштете ја омилената песна и не застанувајте додека трае таа. Сакајте танцувајте или вежбајте, не е важно. Ова ќе ве расположи и ќе ви даде енергија, но, исто така, и самодоверба затоа што ќе се чувствувате подобро во вашето тело.
Заменете го утринското кафе со зелен чај
Ако веќе не можете без кафе, оставете го за подоцна, по појадокот или ручекот. Почнете го утрото со зелен чај, кој ќе ве разбуди исто како и кафето, а е полн со антиоксиданси.
Ставете крема за сончање на лицето
За убав и младешки изглед на кожата, исто како и за нејзиното здравје, заштитата од сонце е од суштинско значење, посебно во градот, кога не сме свесни колку зраците допираат до нас. Ставајте секој ден под шминката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година
-
Необични совети за разубавување: Пивото и дава сјај на косата, бебешката пудра суши акни…


