Европскиот првак Реал Мадрид ја потврди доминацијата во оваа сезона, со освојување и на шампионската круна во Шпанија, и тоа со максимални 3-0 против вечниот ривал Барселона. Последниот триумф за крај на финалната серија „кралевите“ го забележаа на гостински терен победувајќи со 90-85.
Тоа е четврти трофеј сезонава за Реал Мадрид откако претходно кошаркарите на овој тим славеа и во Евролигата, во Суперкупот на Шпанија и во Националниот куп.
Предводени од одличниот стратег Пабло Ласо, кошаркарите на Реал Мадрид одиграа одлично во првото полувреме и на одмор заминаа со 14 поени предност, 48-34. Барселона одигра блескаво во третиот период, го доби со 33-17 и ја анулираше негативата, дури и поведе, но не издржа докрај.
Кејси Керол беше најефикасен кај новиот шампион на Шпанија со 19 поени, додека кај Барселона и воопшто на мечот најмногу поени постигна крилниот центар Анте Томиќ, кој уфрли 29 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија