Спасувачките екипи денеска во џунглата во северозападниот дел на Колумбија пронајдоа преживеани мајка и бебе, кои од саботата се водат како исчезнати по уривање на авион.
Осумнаесетгодишната Нели Муриљо и нејзиниот син Јудиер Морено, кој сè уште нема една година, се пронајдени во близина на местото каде се урна авионот „цесна 303“.
– Тоа е вистинско чудо. Станува збор за огромна дивина – изјави командантот на колумбиските воздухопловни сили Хектор Караскал.
Мајката и детето, кои се здобиле само со полесни повреди, со хеликоптер биле пренесени во болница.
Пилотот на авионот Карлос Марио Кебалос загина во авионската несреќа, а причината за уривањето засега е непозната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.