Зголемениот број бегалци што стигнуваат на островите во Егејско море е товар за веќе нарушениот систем кон емигрантите и одраз на неуспехот на европските лидер на соодветен начин да се реши бегалската криза, предупреди Амнести интернешнел пред самитот на ЕУ.
Секој месец хуманитарната криза, подгреана со финансиската криза во Грција, дополнително се влошува, се наведува во извештајот на оваа организација за човекови права.
Лошото планирање, неефикасната употреба на фондовите на ЕУ и кризата за вработување ги направи властите во Грција неспособни да ги исполнат потребите и да ги заштитат правата на бегалците, наведува АИ.
Најголемиот број емигранти имаат ограничен пристап на медицинска и хуманитарна помош, а често се принудени да останат во пренатрупаните притворски центри или отворени кампови, соопшт директорот на АИ за Европа и централна Азија Џон Далхисен.
-Хуманитарната криза во Егејско Море не е само грчка трагедија туку и производ на неуспешниот европски емиграциски систем. Должност на лидерите на ЕУ, кои се состануваат оваа недела, е да признаат дека неподносливиот притисокот на државите на првата линија како Грција и Италија е производ на неуспешната емиграциона политика на Европа. Ефикасни решенија за соочување со глобалната бегалска криза и правичната поделба на одговорностите во ЕУ мораат веднаш да бидат применети – вели Далхисен.
Истражувањето на АИ открива дека најмалку 61.474 бегалци пристигнале на грчките острови во периодот меѓу 1 јануари и 22 јуни 2015 година, многу повеќе од целата 2014 година кога во Грција пристигнале 43.500 бегалци.
Бројот на бегалци се зголемува со просечно 5.000 бегалци неделно во првите три недели од јуни.
АИ пренесува сведочење на еден мигрант од Сирија, кој бил дел од поголема група, која е вратена назад во Турција на 14 април 2015 година со група постапка на грчката полиција.
– Почнаа да нè тепаат со тупаници и да не шутираат на земја. Ме држеа за коса и ме туркаа кон реката – раскажувал емигрантот.
– Јасно е од нашето истражување дека и покрај осудите на владите, бруталното потиснување на мигрантите и понатаму се случува – рекол директорот на АИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“