| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија си ќари вредна „Буба“, Хасани се врати во матичниот клуб

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани се врати во матичниот клуб Шкендија и ќе биде екстра засилување во следните три сезони и особено пред квалификациските дуели со Абердин за пласман во Европа Лигата на УЕФА, објави спортскиот портал „Екипа“.

Хасани, или популарно наречениот Буба, летово го напушти Брондби и од утре ќе се приклучи на тренинзите на Шкендија. Тој пред три години од тетовскиот клуб замина во Бундеслигата во редовите на Волфсбург, а оттаму потоа се пресели во Данска во Брондби.

Шкендија се засили со уште еден играч со бундеслигашко искуство, откако и поранешниот член на Шалке 04, Бесарт Ибраими ги засили „црвено-црните“ од Тетово.

120102_Hasani

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top