Иако многу познати личности не се осудуваат да се фотографираат во костим за капење по 50. година, Деми Мур тоа го прави со задоволство.
Актерката на 52 години изгледа двојно помлада, а на основа на нејзиното тело, ретко кој би можел да претпостави дека се породила дури три пати.
Мур своето слободно време најмногу сака да го минува во друштво на своите деца. Така актерката и овој слободен ден го искористила за уживање со своите ќерки.
Актерката покрај базенот се фотографирала со Талула и Скаут.
Дека и тие уживаат со својата мајка, доказ е фактот дека Талула оваа фотографија ја објавила на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.