| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија вработува“ овозможи вработување на 2.470 лица

вработува

Околу 2.500 лица се вработени досега преку проектот „Македонија вработува“.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната собраниска седница посветена на поставување пратенички прашања информираше дека заклучно со денешниот ден преку проектот се вработени вкупно 2.470 лица, а поволностите ги искористиле 1.749 компании.

Спасов истакна дека од вкупниот број вработени лица 793 се млади до 29 години, 824 се до 35-годишна возраст, 275 меѓу 35 и 50 години, 414 над 50 години, 28 лица се од ранливи категории и 136 над 58 години.

Според него, овие податоци се потврда за успешноста на проектот, кој овозможи 1.749 компании да го зголемат бројот на вработени.

Најголем дел од компаниите кои ги искористиле поволностите се малите чиј број е 1.434, кои имаат до 10 вработени, 253 компании биле од 10 до 50 лица и 49 компании со над 50 вработени лица ги искористиле поволностите од проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top