| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во Тетово и Гостивар, приведени 25 девојки

Полициски службеници од СВР Тетово ноќва спровеле акциска контрола во четири угостителски објекти, од кои два на тетовското и два на гостиварското подрачје.

При контролата во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“, на регионалниот пат Тетово-Сараќино, биле затекнати 10 девојки, од кои девет српски и една државјанка на Република Македонија на возраст од 21 до 45 години биле ангажирани како танчерки и поради сомение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја, заедно со сопственикот на објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово.

Во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, приведени се 15 странски, односно државјанки на Република Србија.

Во двата контролирани објекти на гостиварското подрачје не биле затекнати странски државјанки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top