| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат ѕверските убиства на ИД

Џихадистите од Исламска држава (ИД) објавија најнова видео снимка од брутално убиство на неколку групи затвореници во Мосул, нивното упориште во Ирак, пишува денешниот британски весник „Дејли меил“.

Во седумминутната видео снимка е прикажана смртта на петмина затвореници, обвинети за шпионирање. На снимката се гледа дека тие се затворени во метален кафез и живи спуштени во базен додека подводна камера ги снимала нивните последни моменти од животот.

Друга група затвореници е разнесена со граната истрелана од минофрлач, додека биле оставени во стар автомобил. Уште една група од седум затвореници, заврзани заедно со експлозив, прикажана е како од безбедна оддалеченост е елиминирана со активрање на експолозивот.

„Дејли меил“ наведува дека „варварското видео“ е најново издание на терористичката група, чиј видео каталог на ужасни убиства го сочинуваат снимки на дивјачки отсекувања глави на неколку британски и американски заложници, запален јордански пилот, кој горел до смрт, и бројни снимки на каменувања до смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top