| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една средба на Еврогрупата за Грција пред Европски совет

grcijaМинистрите за финансии од еврозоната ќе се соберат повторно вечерва во Брисел во напорите да се постигне спогодба за буџетскиот план и реформите во Грција, потребни за отпуштање на 7,2 милијарди евра, кои беа замрзнати минатото лето, а кои се дел од втората програма на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд од 2014 година.

Голем број финансиски експерти предупредија дека за да се добие зелено светло за овие финансии потребно е претходно Атина и институциите (ЕК, ЕЦБ и ММФ) да ја завршат својата работа, односно да ги прецизираат и разработат деталите од грчките предлози во сферата на даноците, пензиите и приватизацијата, претставени во понеделникот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави по самитот на еврозоната во понеделникот дека сите страни се цврсто решени да пронајдат решение.

Тој смета дека новите грчките предлози се чекор напред во целокупниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top