| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата за политичката и безбедносна криза во РМ

„Политичката и безбедносна криза во Република Македонија – стратешки пристапи за системски решенија“ е насловена научната дебата која денеска ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје.

Дебатата се одржува во рамки на серијата дискусии организирани од Факултетoт за безбедност со цел да се подобри владеење на правото и демократските вредности во нашата земја.

Како што е најавено, на научната дебата ќе говорат проф. д-р Миодраг Лабовиќ, проф. д-р Томе Батковски, проф. д-р Жидас Даскаловски, проф. д-р Ризван Сулејмани, доц. д-р Владимир Божиновски.

На тркалезната маса поканети се и научници и експерти од  оваа област, како и политички аналитичари кои го обликуваат јавното мислење во Република Македонија, да дискутираат на темата „Како да се реши актуелната политичка криза“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top