| четврток, 6 декември 2018 |

ИД почна со ковeње сопствени монети ­- исламски динар

Екстремистите од групата „Исламска држава“ почнале со ковење сопствени златни монети, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Според весникот новата валута, што ќе биде пуштена во промет од ИД, ќе се вика исламски динар. Групата ИД веќе контролира голем дел од Ирак и од Сирија.

Името на златните монети е користено во 630 година за време на калифот Осман, што исламистите го земале како пример.

Весникот се повикува на информации објавени на социјалните мрежи, објавени и од противниците и од приврзаниците на терористичката организација, што има за цел да создаде калифат на Блискиот Исток, пренесува ТАСС.

„Дејли телеграф“ објави на фотографии од новите монети од социјалните мрежи на кои се гледа името на Исламска држава, како и карта на светот.

Вредноста на исламскиот динар, што се очекува наскоро да биде пуштен во промет изнесува 139 американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top