| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК бара објаснување од Унгарија зошто не го применува „Даблин 3“

ек

Европската комисија ја повика денеска Унгарија да објасни зошто ја суспендирала примената на Договорот Даблин 3, со што оневозможила членки на ЕУ да враќаат бегалци во таа држава која за нив е надлежна ако прво пристигнале на нејзина територија.

– Бидејќи Даблинскиот догвоор не предвидува можност државата членка која ќе прими азиланти да суспендира нивно преместување, Комисијата бара од Унгарија веднаш да разјасни природа и обем на технички пропуст како и мерки за исправање на ситуацијата- изјави портпарол на ЕК.

Будимпешта поради „технички причини на одреден период“ нема повторно да прима луѓе кои во ЕУ влегле прво во Унгарија, а подоцна отпатувале кон други држави членки.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан донесе одлука за укинување на примената на Договорот од Даблин, а негов портпарол објасни дека тоа е со цел заштита на интересите на Унгарија и нејзините жители.

– Унгарија има капацитети за 2.500 бегалци, а веќе прими 3.000. Бродот е полн. Унгарија нема да може да прими уште десетици илјади даблински сллучаи- изјави тој за виенски Пресе.

Договорот од Даблин стапи на сила на 19 јули 2013 година и предвидува дека за процесот за одлука за давање статус азил надлежна онаа држава во ЕУ на чија територија прво стапнал подносителот на молбата. Портпаролот Золтан Ковач додава дека од почетокот на минатата година илегално влегле околу 100.000 странци, од кои 60.000 само од почетокот на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top