Во координирана акција на полициите на Босна и Херцеговина и на Франција се уапсени 15 лица поради илегална трговија со луѓе и злоупотребување млади жени и деца. Во БиХ се уапсени седум лица, а во Франција осуммина, пренесува Фена.
Операцијата е спроведена во реонот на босанските градови Зеница, Власеница, Приједор и Јајце. Уапсените се осомничени за илегална трговија со луѓе и за нивно експлоатирање. Властите на БиХ оценуваат дека од 2012 година осомничените врбувале многу жени кои во Франција краделе.
Тие врбувале и деца и незаконски се стекнале со повеќе од два милиона евра. Приведените се осомничени и за перење пари, фалсификување документи, илегална трговија со луѓе и злоупотреба на наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.