| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Топката сега е во дворот на европските власти

ципрас3Грчкиот премиер Алексис Ципрас по состанокот на еврозоната во Брисел доцна синоќа соопшти дека сега топката е во дворот на европските власти за изнаоѓање договор со кој Грција би избегнала банкрот.

– Имам чувство дека сега топката е во дворот на европските власти – рекол Ципрас на крајот на состанокот. Грчкиот премиер рекол дека основни критериуми на Грција се „социјална правда“.

– Ќе ги штитиме платите и пензиите и просечното семејство – истакнал грчкиот премиер.

– Нашиот предлог е прифатен како основа за преговори кои ќе бидат продолжени во следните денови, додал Ципрас наведувајќи дека Грција не сака временски ограничен договор, туку целосно и одржливо решение со економски раст и способност земјата да остане на свои нозе.

Лидерите на државите од еврозоната вчера во Брисел заклучиле дека новите предлози на владата во Атина се „позитивен чекор напред“ кон решавање на грчката криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top