Началникот на Управата на сообраќајната полиција на Србија, Владимир Ребиќ изјавил дека заморот на возачот најверојатно е основната причина за несреќата на авотбусот во која едно лице загина, а 60 беа повредени. Сообраќајката се случила вчера во 4.10 часот кај Бубањ Поток во близина на Белград кога се преврте авотобус полн со туристи што се враќале од летување во Пефкохори, Грција.
Ребиќ рекол дека врз основа на првичните информации и изјавите на сведоците заморот на возачот најверојатно е основната причина, но дека полицијата сè уште ги нема сите податоци поради оштетениот тахограф. Тие информации ќе бидат познат до утре, од кои ќе се утврди дали возачот ја почитувал брзината и прописите за тоа колку смее да вози.
Според Ребиќ, организаторот на патувањето имал намера да ги почитува правилата бидејќи формирал екипаж во автобусот, но дека тоа не може точно да се тврди додека не се прочита тахографот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.