Драга моја замено, постојат неколку работи што треба да знаеш, со оглед на тоа што сега се предмет на неговото внимание.
Немој да се изненадиш колку брзо ќе се заљубиш во него. Немој да се нервираш многу за мојот Фејсбук профил каде што сеуште има наши зеднички слики. Сакала или не да го признаам тоа, тие слики сега припаѓаат на моето минато. Немој да те изненади ако не сака да зборува за својата поранешна девојка. Тој не разговараше со пријатели, ни кога ние раскинавме. Не сум сигурена дека сите наши пријатели знаат за нашата разделба. Беше тоа една убава љубовна приказна, но не грижи се, тоа останува во минатото. Ти си сега неговата иднина. Иако ние лично не се знаеме, јас сум сигурена дека не ме сакаш. Сепак ние двете имаме нешто заедничко што нè поврзува.
Немој да се грижиш, јас нема да му се јавувам или да ги лајкувам неговите постови на социјалните мрежи. Нема да можам да ти ги кажам сите тајни, а верувам нема ни он. Но, верувам дека постои причина зошто да не ги изразува своите чувства премногу и не кажува тоа што ти сигурно би сакала многу да го чуеш. Ќе разменувате мали подароци во знак на внимание , но верувај он не е расипник. Многу ги тоши парите. Ќе го забележиш сигурно по кикотот како детето сеуште живее во него.
Ќе забележиш дека е еден од ретките кои сакаат да гледаат филмови отколку да се излезе во град и да се забавува. Ќе го видиш понекогаш пијан, но и лут. Темпераментен е како што сигурно си забележала, зошто да не го сфаќај тоа лично. Кога бурата ќе помине биди сигурна дека ќе се врати со насмевка и јасни сини очи, а ти верувај дека на тој призор нема да можеш да одолееш.
Кога ќе се заљуби во тебе, ќе приметиш како поубаво спиеш и кога паѓа дожд, а неговиот допир ќе ги избрка сите стравови. Kога ќе се заљуби ќе направи се што ќе го замолиш, ќе стори се што ќе посакаш, но не очекувај постојано да ти повторува дека те сака. Можеби тој нема да мисли постојано на тебе и во секое време, но верувај дека ќе му бидеш често во мислите. Тој има големи соништа, но многу често се откажува од нив. Твојата задача ќе биде секој ден да му повторуваш дека е убав, паметен и дека може да се постигне сето она што тој сака. Нема да ти верува, но немој престануваш тоа упорно да му го збориш. Ќе го запознаеш со него светот на поинаков начин. Кога ќе му кажеш нешто што во тој момент што нема во тој момент да му се допадне, ќе забележиш кога ке ја подигне едната веѓа и како ке те гледа , без да трепне.
Кога ке излезете во град, дискотеки, клубови и нема да можеш а да не го приметиш неговиот поглед на тебе. Ќе изгледате како да си една единствена во просторот. Да, ќе се заљубиш повторно тогаш во него ! Ќе има моменти кога ќе си ја отвори својата душа и да признае некои грешки од минатото, но не му суди. Тој сега е подобар човек, поради сите грешки од минатото и биди среќна што сега те пронашол тебе . Се надевам дека ќе го сакаш како што заслужува. Се надевам дека и тој ќе те сака (можеби дури и сега те сака) длабоко и страсно како што верував јас дека ме сака мене .
Се надевам дека е искрен со тебе, како што никогаш беше за мене … Но, од се најмногу се надевам дека ќе ти пружи врска од бајките во каква јас се надевав дека ке ја имам со него.
Запомни само едно , дека јас не те мразам, јас сум само љубоморна на тебе. Мило ми е што некој друг доби шанса да го доживее она што jaс се надевав дека ке го доживеам и ке ми се исполни еден ден . Како што напишав, двете нас не поврзува нешто моќно, нешто што ние само можеме да го разбереме.
На него му е важна девојката како личност, не само нејзиниот физички изглед. Да признаеме тоа е ретко добра особина.
Само едно нешто ќе побарам од тебе: Немој да го повредиш како тој мене. Јас верувам во карма, верувам дека луѓето го добиваат тоа што ќе го заслужат, но никогаш на никој не сум му посакала зло, а најмалку нему. Ти си сега со човекот од нашите соништа и не лажам кога ќе кажам дека се надевам дека ќе ви успее.
Поранешната девојка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.