Најмалку 224 лица починаа поради високите температури кои го погодија Карачи, најголемиот град во Пакистан, и другите области во јужната провинција Синд, соопштија претставници.
Според здравствени претставници, најмногу луѓе починале во Карачи, град од 20 милиони жители, каде во претходните денови температурата достигна 45 степени Целзиусови.
Во јуни 1979 година во тој град се забележани 47 степени, што е најголема измерена температура во Карачи.
Во Карачи починаа 202 лица, повеќето од последиците на топлотниот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.