Самбо борачот Бајро Машовиќ вечерва загуби од Размик Тонојан (Украина) и не успеа на Македонија да и го донесе третиот бронзен медал од Европските Олимписки игри, што се одржуваат во Баку, Азербејџан.
Машовиќ во репасажот беше убедливо поразан од Украинецот со 4:0.
Победник во оваа дисциплина +100 кг. е рускиот самбо борач Артем Осипенко.
Македонија и по денешниот ден на Игрите во Баку остана на двете бронзени медали освоени од каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.