Tриесетиипет годишната Драгана Пупиќ е единствената жртва во тешката сообраќајна несреќа која се случила утрово во 4.10 часот кај местото Бубањ Поток, кога автобус излета од автопатот Ниш-Белград.
Пред да тргнат за Белград, Драгана од жената која седела на тоа седиште побарала да се сменат, бидејќи таа го резервирала тоа место.
Сопатничката и го отстапила местото, а Драгана за време на патувањето спиела на двете седишта.
Во рацете и спиела нејзината ќерка, која е тешко повредена.
Шеесет и еден патник се повредени, од кои 15 до 20 луѓе потешко. Во автобусот имало 86 патници, кои се враќале од летување во Полихроно, Грција.
Несреќата се случила од засега непознати причини кога автобусот ја пробил банкината и излетал од патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил