| четврток, 6 декември 2018 |

Од летување во смрт, Драгана загина држејќи ја ќерка си во раце

dragana-pupic-poljanski-foto-faceboo-1434974045-684845

Tриесетиипет годишната Драгана Пупиќ е единствената жртва во тешката сообраќајна несреќа која се случила утрово во 4.10 часот кај местото Бубањ Поток, кога автобус излета од автопатот Ниш-Белград.

Пред да тргнат за Белград, Драгана од жената која седела на тоа седиште побарала да се сменат, бидејќи таа го резервирала тоа место.
Сопатничката и го отстапила местото, а Драгана за време на патувањето спиела на двете седишта.
Во рацете и спиела нејзината ќерка, која е тешко повредена.

Шеесет и еден патник се повредени, од кои 15 до 20 луѓе потешко. Во автобусот  имало 86 патници, кои се враќале од летување во Полихроно, Грција.

630828_autobus-prevrnut_ff

Несреќата се случила од засега непознати причини кога автобусот ја пробил банкината и излетал од патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top