| четврток, 6 декември 2018 |

Лига на Европа: Работнички ќе оди во Естонија, Ренова во Молдавија, Шкендија во Шкотска

liga evropa
Работнички, Шкендија и Ренова ги добија ривалите за првото квалификациско коло во Лига на Европа.
Како што се очекуваше, најдобро мина Работнички, кој ќе излезе на мегдан со Флора Талин од Естонија. На првата средба, која ќе се одигра на 2 јули, „романтичарите“ ќе гостуваат, а својот ривал ќе го пречекаат на 9 јули на националната арена „Филип Втори“.
Шкендија, пак, доби доста интересен и атрактивен противник. Станува збор за еден од најдобрите шкотски тимови Абердин, тимот на сер Алекс Фергусон, кој најдобрите успеси ги доживеа во осумдесеттите години на минатиот век.
Вториот тим од Тетово, Ренова ќе се соочи со Дачија од Молдавија, екипа која е неатрактивна, но квалитетна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top