Официјален Лондон се подготвува за „извлекување и брза евакуација“ на сите Британци што се сега на одмор во Грција, во случај на финансиски крах на оваа земја, пишуваат британските медиуми.
Според „Дејли експрес“ владината администрација во Вајтхол и домашните тур-оператори се подготвени да вратат дома во Велика Британија 110.000 туристи, кои сега се на одмор по грчките одморалишта, доколку поради кризата со долговите, банките во Грција и банкарските автомати останат без готовина, или земјата мора да ги напушти еврозоната и единствената европска валута.
-Тоа ќе биде најголемата евакуација на Британци во мирновременски услови – пишува „Дејли експрес.
Другите весници откриваат дека британската влада „стравува од можноста Британците да останат заробени“ во Грција, без готовина, ако кризата предизвика затворање на грчките банки, што може да се случи доколку владата на левичарскиот премиер Алексис Ципрас и кредиторите, не успеат да постигнат спогодба.
Британските тур-оператори во меѓувреме ги намалуваат цените за кусите одмори во Грција, плашејќи се поради актуелната финансиска и должничка криза да нудат и да продаваат аранжмани за летување- тврди проконзервативниот „Дејли телеграф“.
Истражувањето на туристичкиот пазара во Велика Британија покажува дека бројот на аранжманите за одмор во Грција оваа година се помали за 50 отсто во споредба со истиот период во минатата година.
Како главна причина за „заобиколувањето“ на Грција, која е традиционална дестинација за одмор и патување на Британците е кризата во таа земја и незивесноста со тамошните банки.
Британскиот Форин офис веќе од поодамна им советува на британските туристи кои патуваат во Грција, да имаат кај себе готовина и да не се потпираат само на банкарските картички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција