| четврток, 6 декември 2018 |

Луна паркот во Скопје добива нов изглед

По објавениот конкурс за идејно решение за Луна парк во Скопје минатата година, конечно е објавен победничкиот проект што го изработија архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев. Проектантите на Луна паркот ќе добијат награда во вредност од 200.000 денари.

Втората награда ја добија архитектите Бојан Муличковски, Кели Романалди, Горан Милевски, Душко Кузманов, Драгана Матова и Марко Ицев во вредност од 100.000 денари. Треатата награда во вредност од 80.000 денари ја доби архитектот Мишко Самарџиевски.

Новиот Луна парк ќе се гради со материјални средства од градот Скпје и Владата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top