Во рамките на фестивалот „Битфест“, од 28 до 30 јуни во Битола ќе се одржи Меѓународната мултимедијална колонија „Битола 2015“.
Колонијата ќе се одржува во „Вила Дајмонд“, а свечено ќе биде отворена на 29 јуни во 20 часот со книжевна средба со писателите Панде Манојлов од Битола и Христо Петрески од Скопје. Притоа, самите автори ќе ги претстават своите најнови книжевни дела, а за творечкиот книжевен опус на Манојлов ќе говори Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ.
Мултимедијалната колонија „Битола 2015“ е под покровителство на Општина Битола и градоначалникот Владимир Талески, а ја организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
На 29 јули во 12 часот ќе биде отворена фотоизложбата Битолски мотиви од Петар Ставрев.
На 29 јули во 20 часот ќе настапат повеќе писатели, и тоа: Петре Димовски, Мирјана Стојановска, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Кире Неделковски, Зоран Пејковски, Милица Димитријовска – Радевска, Весна Мундишевска – Велјановска, Елена Ѓорѓиевска – Костадиновиќ, Илче Стојановски, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Никола Илијовски, Филип Димкоски, Наташа Зузаровска, Весна Миркова и други. Истата вечер ќе бидат врачени и наградите Медијала за книжевност, за сликарство, за театар, за археологија и за уметничка фотографија.
На 30 јули во 10 часот, ќе биде отворена изложбата на новосоздадените ликовни дела од традиционалната Меѓународна мултимедијална колонија Битола 2015, која се одржува трет пат, а на која годинава ќе учествуваат: Даниела Божичковиќ Радуловиќ (Србија), Лилија Пангелова (Бугарија), Панде Петровски, Христо Петрески, Мирјана Стојановска, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, како и гостите: Златко Жоглев, Аница Ѓорѓиевска, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Силвана Петрова Насух, Зоран Пејковски, Петко Шипинкаровски, Кире Неделковски, Милица Димитријовска – Радевска, Весна Мундишевска – Велјановска, Илче Стојановски, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Илија Мерковски, Никола Илијовски, Филип Димкоски, Наташа Зузаровска, Весна Миркова и други.
Годинава, посебен акцент на Мултимедијалната колонија Битола 2015 ќе биде ставен врз помладите битолски сликари и писатели, кои ќе бидат и учесници на Колонијата, односно посебно внимание ќе добие таканаречената Нова ликовна и книжевна битолска генерација и уметничка школа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.