Поранешниот помошник украински министер за одбрана, генерал мајор Олександар Коломиец, премина на страната на самопрогласената „Донецка Народна Република“ во источна Украина.
Информацијата ја соопшти лично генералот на прес-конференција во Донецката информативна агенција, пренесе ТАСС.
Според Коломиец, како помошник министер на Степан Полторак тој бил и главен военен аналитичар, а пред тоа 19 години ја заземал функцијата воен комесар на Доњецката област.
Поранешниот украински висок воен офицер тврди дека имал потреба своето семејството да го испрати далеку од Киев за да не биде прогонувано од властите.
Според Коломиец, многумина офицери со кои служел ја делат желбата да преминат на страната на сепаратистите.
-Моралот на украинската армија е „на многу ниско ниво – изјави тој. -Сите генерали и офицери, кои сфаќаат дека активностите на власта се криминални, не сакаат да војуваат.
Откако Киев ја почна прогласената антитерористичка операција во источна Украина, „на страната на ‘Донецката Народна Република“ преминаа стотици војници и офицери“, кажа Коломиец.
Тој не е првиот претставник на украинските одбранбени структури кој преминува на страната на сепаратистите, забележува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата
-
Режисер со три факултети: Кој е Слободан Праљак, човекот кој се отру пред Хашкиот трибунал