| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го надминете гневот и лутината?

нервоза
 Ќе ја загубите контролата па врескате и навредувате во афект? Можеби за вас би било добро да ја прочитате оваа приказна…

Си било едно момче со многу лош темперамент. Неговиот татко му дал полна вреќа шајки и му кажал секој пат кога ќе се налути и ќе ја загуби контролата да зачука една шајка во ограда. Првиот ден момчето зачукало повеќе од триесет шајки во оградата. За време на идните неколку месеци тој научил да го контролира својот гнев и бројот на зачуканите шајки се намалувал. Открил дека е полесно да го контролира својот темперамент отколку да зачукува шајки во оградата. И така дојде денот во кој за време на целиот ден воопшто не збеснал.

Му го кажал ова на својот татко, а тој му кажал дека  секој ден во иднина во кој ќе успее да го контролира своето однесување треба да искорне по една шајка од оградата. Деновите поминуваа и момчето еден ден беше во состојба да му каже на својот татко дека ги искорнал сите шајки.

Таткото го зема својот син за рака и го однесе до оградата. Тогаш му кажа: Добро си сторил синко мој, но погледни ги сите тие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во гнев и лутина ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни, како што се овие дупки во оградата. Колку и отпосле да ти е жал за нешто што си му направил или кажал на некого, лузните остануваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top