Фотографијата која го обиколи светот, покажува колку понекогаш знае да е тешка и невообичаена полициската професија.
На фотографијата полицаец во рацете држи малечко девојче, кое штотуку преживеа страшна сообраќајна несреќа, во која го загуби таткото, па полицаецот игра со детенцето за да му го оттргне вниманието од страшната глетка.
Во автомобилот се наоѓале татко, мајка и четири деца. За жал животот го изгубил таткото, а мајката и едното дете се пренесени во болница, додека другите три деца се во добра состојба.
Несреќата се случила на отворен пат во САД каде мажот најверојатно загубил контрола, откако пукнала гума, па возилото започнало наеднаш да се тркала по патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.