Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва објави одлуки за инвестиции на две нови компании од автомобилската индустрија кои ќе отворат фабрики во Република Македонија, во кои ќе се вработата 1800 лица. Груевски на прославата на 25 годишнината на ВМРО- ДПМНЕ откри дека директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо, му пренел дека две компании со кои подолго преговарале, донеле интерни одлуки за инвестирање во Македонија.
-Две глобални компании од индустијата за производство на делови за автомобилската индустрија, во изминатите неколку денови донесоа интерни одлуки за инвестирање во Македонија и истите планираат да ги објават на крајот на ова лето. Едната со својата инвестиција ќе вработи 300 невработени лица почнувајки од јануари 2016та, и ќе се стационира во Скопје.
Втората ќе вработи околу 1500 невработени лица, најверојатно во југоисточниот дел на Македонија, која инвестицијата и работење ќе започне во постоечки објект оваа есен, и паралелно есенва ќе ја започне градбата на нова фабрика, која целосно треба да заврши на почетокот на 2017та година- објави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски на прославата на партискиот роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер