| четврток, 6 декември 2018 |

Најава за масовна изградба на регионални и експресни патишта

stip_avtopatНа роденденот на ВМРО- ДПМНЕ премиерот Никола Груевски најави период на масовна изградба во инфраструктурата, на реконструкции на автопатски делници, како и изградба на нови регионални и експресни патишта.

-Во јули-август годинава почнува реконструкција на автопатскиот дел Смоквица- Гевгелија, 10 км, а во декември истото на потегот Куманово Скопје, 23 километри. Штип- Радовиш проектот ќе е готов во октомври, а во првата половина на 2016-та година ќе почне градба на експресен пат со 4 ленти, 38 километри, онака како што ветивме во програмата. Градско- Прилеп, почнува градба во октомбри- ноември годинава, а Штип- Кочани, 26 километри, нов експресен пат од 4 ленти почнува градба во декември годинава. Исто така експресен со 4 ленти, Охрид- Пештани, проектот ќе е готов во август, градбата почнува во првата половина на 2016 година. Битола-Ресен-Буково, изведба од следниот месец јули. Мокрино-Смоларе, и Дојран- Николич, изведба од септември годинава, а Делчево- Голак од октомври, Лажани- Ропотово декември, Кривогаштани- Воѓани во октомври, Кочани- Македонска Каменица-Делчево, 30 километри, проектот ќе е готов во јули годинава, а градба ќе почне од мај 2016 година. Ранковце- Крива Паланка 26 километри проект во јули годинава, нов експресен 4 ленти, почнува градбата догодина. Пробиштип-Пониква, Тораница- САСА, Старо Коњарево-Ново Коњарево, Кичево-Извор, изведба од јуни 2016. Во моментот се градат 21 локален пат, до крај на годината ќе се почнат повеќе нови локални патишта- најави пемиерот Груевски на прославата на 25 години на ВМРО- ДПМНЕ и 122 години ВМРО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top