До домашните петоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпиунски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои ќе им се спротистави… Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети секаде…
Ова го истакна вечерва премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, при своето обраќање пред насобраната толпа поддржувачи по повод прославата на 25 роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него треба да се покаже дека неможе да се случи вака крупна игра во државата со цел рушење на системот, да помине, а народот тоа да не го казни.
– Затоа што народот е оваа држава. Не е државата ни Заев, ни Груевски ни никој поединечен политичар. И нема подобар одговор од тоа, одколку соочување со народ. Има многу што треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа…- рече Груевски.
Тој посочи дека оваа криза може да ја разреши само народот со својот збор со својата поддршка…на очиглед и во присуство со преставници на ОБСЕ како никогаш досега.
– Колку повеќе од нив дојдат, подобро за нас и нашата држава – порача премиерот Груевски.
Igrite na domasnite petokolonasi, mora da bidat porazeni
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски