Манекенката Тајла Новели одлучила да го сподели своето непријатно искуство со светот и на тој начин да ја предупреди модната индустрија на дизајнерот Сарџ Хоуранис.
Таа сведочи дека Хоуранис за време на снимањето повеќе пати сексуално ги вознемирувал манекенките со кои соработува.
Фејсбук страницата „Кажете НЕ на Санија Фешн“ (“Say NO to Sanija Fashion”), се појави на социјалната мрежа пред неколку дена, а преку неа манекенката Тајла Новели ги предупредува своите колешки да не соработуваат со австралискиот дизајнер.
Таа за „Дејли мејл“ раскажала дека дизајнерот еднаш и` рекол дека „изгледа како ку*ва“ и дека „никој нема да ја сфати сериозно како манекенка“.
Имено, нејзината исповед ги поттикнала и останатите манекенки да ги пренесат своите негативни искуства со дизајнерот.
На Фејсбук страната и другите манекенки да ги раскажуваат своите искуства со дизајнерот Сарџ, за кој тврдат дека ги одвел на снимање во костими за капење и им ветувал гламурозна облека и фотографии, а потоа непримерно ги допирал и ги навредувал на полова основа.
Набрзо се дознало дека тие манекенки не се единствени и дека всушност има многу луѓе во модната индустрија кои се однесуваат така.
Покрај тоа на страницата се прикачени и фотографии на кои дизајнерот непримерно ги допира манекенките додека им ги мести костимите за капење за време на снимањето на плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Секс скандал во авиокомпанијата „Кондор“: Пилоти тајно ги снимале стјуардесите за време на секс
-
Ново продолжение на секс-скандалот: Роналдо ја силувал девојката анлно
-
Менувала мажи како чорапи: Секс-скандал го тресе кралското семејство
-
Секс-скандал среде политичка криза: Проститутка упаднала во гимназија и нудела услуги