| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот од Чарлстон првично планирал да нападен колеџ

Убиецот кој во црквата во Чарлстон застрела девет афроамериканци, првично планирал да го нападне градскиот колеџ, рекле за американските медиуми пријателите на 21-годишниот Дилан Руф. За американскиот претседател Барак Обама, ова злосторство ја покажува сета погубност на расизмот кој е присутен во САД и побара справување со оваа појава.

Агенцијата Associated Press пишува дека пријателите на Руф изјавиле оти тој на 10-ми јуни во разговор со своите пријатели нафрлил дека има намера да изврши масовно стрелање во кампусот на колеџот во Чарлстон. Тогаш рекол и дека точно за една седмица ќе го изврши нападот, односно на 17-ти јуни, кога и навистина се одигра трагедијата во историската црква на афрoамериканската заедница во Чарлстон.

Пријател кој сакал да остане анонимен за агенцијата рекле дека тие не ги сфатиле сериозно тогаш зборовите на сега обвинетиот Руф, но за секој случај му го земал пиштолот кој младиот човек го чувал во својот автомобил. За жал, следниот ден тој решил да му го врати оружјето на Руф, кој пиштолот како што беше претходно објавено го добил неодамна како роденденски подарок од своите родители.

Според весникот The Washington Post, Кристон Скривен, црн сосед на обвинетиот за убиствата во Чарлстон Дилан Руф, изјавил дека неодамна момчето рекло дека сака да пука во училиште. Во друг момент, младиот белец за кој медиумите инаку пишуваат дека имал многу црни пријатели, зборувал за напад врз локалниот College of Charleston.

„Мојата реакција тогаш беше ‘зборуваш глупости’. Не мислам дека секогаш е при себе“, вели Скривен за весникот.

Потоа Скривен во репортажата за телевизијата NBC News изјави дека Руф го променил планот, откако заклучил дека колеџот е потешко да биде нападната, бидејќи во него потешко се влегува. „Тој само во средата рече дека сé ќе се случи“, рече Скривен за NBC News.

Руф минал еден час во читање на Библијата со другите верници во 200 години старата Африканска методистичка епископална црква во Чарлстон пред да отвори оган врз верниците во средата навечер по локално време.

Американските медиуми објавија дека многу од пријателите на социјалните мрежи на осомничениот се црни, како и оние од неговата гимназија. Роднина на пасторот убиен во нападот, цитираше еден од преживеаните кој тврди дека Руф во црквата рекол „Јас морам да го сторам тоа. Сте ги силувале нашите жени и сте ја земале нашата земја. Мора да си заминете“.

Во петокот судот во Чарлстон против Руф подигна обвинение за убиство на девет лица, и за поседување огнено оружје. Момчето го призна злосторството, во коешто загинаа шест жени и тројца мажи, меѓу кои и пасторот и сенатор од сојузната држава Јужна Каролина, 41-годишниот Клемента Пинкни.

Полицијата верува дека станува збор за расно мотивирано убиство. Според извори поврзани со истрагата, Руф сакал да „разгори расна војна“. Гувернерот на Јужна Каролина изјави дека се залага за воведување на смртна казна за осомничениот, доколку тој биде прогласен за виновен.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека убиството на деветте луѓе во црквата во Чарлстон, ја покажува сета погубност на расизмот кој е уште присутен во САД и на кој треба да се спротистави, но ги отфрли обвинувањата дека има политичка полза од оваа трагедија за да ја заговара потреба од проширувањето на законот за контролата на купувањето оружје на граѓаните.

„Мотивите на убиецот нé потсетуваат дека расизмот сé уште е гревот против кој мораме заеднички да се пориме“, рече Обама.

Американскиот претседател потсети и на другите неодамнешни случаи на масовни убиство, како она во 2012 година во основното училиште во Њупорт, која беа убиени 28 луѓе, од кои најмногу дечиња меѓу 7 и 10-годишна возраст, како и подоцнежното пукање во кино во местото Аврора кога беа убиени 12 а ранети 58 лица, а да ја истакне неопходноста од измените во законот за оружје во земјата во којашто неговото поседување е гарантирано со Уставот.

„Мораме да разговараме за тие теми како граѓани, без демонизирање на сите сопственици на оружје кои во најголем број го почитуваат законот, но и без предрасуди дека зад таа расправа стои заговор чија цел е да им се одземе оружје“, изјави Боби.

Обама во 2012 година се обиде да ја заостри контролата на оружјето, но поради силното политичко лоби на заговорниците на вооружувањето, не ја доби поддршката за измените на законот во Конгресот. Американскиот претседател ниту сега не очекува дека Конгресот наскоро ќе излезе со нов закон за контрола на купувањето оружје, но верува дека во блиска иднина на тоа да го принуди јавноста. Инаку, во вооружени насилства во 2013 година загинале 11.000 Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top