Најдоброто уметничко остварување на претстава во целина на 50-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е претставата „Електра“ во режија на Андри Жолдак на МНТ од Скопје.
Ова е едногласната одлука на фестивалското жири, во состав Ѓорѓи Јолевски, Тони Михајловски и Илбер Муртези, кое ја соопшти денеска на прес-конференција во Прилепскиот театар.
Актерот Адем Карага ја доби наградата за најдобра главна машка улога во претставата „Предавање“ на Албанскиот театар-Скопје, а Дарја Ризова – наградата за најдобра женска улога во претставата „Електра“ на МНТ. С
Специјална награда за колективна игра и осовременување на класиката доби ансамблот на Прилепскиот театар за претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ.
Фестивалското жири годинава додели вкупно 16 награди за најдобри уметнички остварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.