| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин со модринки

aj.jpg500

Папараците ја уловиле 19 годишната Ајрленд Болдвин додека била на прошетка со новото момче Џон Косик, меѓутоа вниманието на медиумите го привлече нејзиното лице прекиено со модринки. Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин, која од април оваа година се наоѓа во еден центар за рехабилитација поради „емотивни трауми“, во понеделникот ја нападнале тројца мажи, вели извор за Дејли мејл.

Исто така изворот открива дека Ајрленд веќе неколку дена била малтретирана од страна на непознати мажи.

– Пред една недела, повеќе мажи со автомобил ја следеле Ајрленд. Таа се вратила во центарот за рехабилитација и побарала од обезбедувањето да интервенира и да ја заштити од било какво вознемирување, вели изворот. Меѓутоа нападот на неа сепак се случил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top