| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Бесинџер во продолжението на филмот „50 нијанси сиво“

Американската актерка и оскаровка Ким Бесинџер и се придружи на екипата на филмот „50 нијанси – помрачно“, втор дел од серијалот заснован на еротската трилогија „Педесет нијанси“ на британската авторка Е. Л. Џејмс.

Според списанието „Варајети“, холивудската ѕвезда, која се прослави со секси улогата во филмот „Девет и пол недели“ (1986), ќе ја игра Илејн Линколн, деловна партнерка и поранешна љубовница на Кристијан Греј.

Филмот ќе го режира Џејмс Фоли, а во главните улоги повторно ќе се најдат Џемји Дорнан и Дакота Џонсон, додека сценариото го потпишуваат авторката на популарните романи Е. Л. Џејмс и нејзиниот сопруг Ниал Ленард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top