| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Вонредниот самит на еврозоната нема да биде последен чекор во грчката криза

donald-tuskВонредниот самит на еврозоната во понеделник нема да биде последен чекор во кризата околу спасувањето на Грција, изјави претседателот на ЕУ Доналд Туск, пренесува ДПА.

Според Туск треба да бидат изоставени илузиите дека ќе има магично решение на највисоко ниво.

– Нема да има детални технички преговори. Таа задача ќе биде оставена на министрите за финансии, нагласи тој.

Целта на самитот е да гарантира дека меѓусебно ги разбираме позициите, како и последиците од нашите решенија, истакна претседателот на ЕУ.

Туск, исто така, повика да се прекине со игрите, предупредувајќи дека се приближува моментот кога грчката влада ќе треба да избира меѓу продолжување на преговорите за помош или да се насочи кон банкрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top