Цената на нафтата се спушти во петокот на светските берзи на 63 долари со оглед дека загриженоста во врска со Грција и очекувањата за натамошен раст на американското производство на нафта од шкрилци што го потисна во втор план влијанието од јакнењето на побарувачката.
На лондонската берза со барел сирова нафта околу пладне се тргуваше по цена од 63,05 долари, што значи дека цената паднала за 1,21 долар во однос на претходното затворање. На американскиот пазар барелот поевтинил за 99 центи, спуштајќи се на 59,46 долари.
Иако Грција помалку влијаеше на нафтените пазари,а повеќе врз берзанските акции, аналитичарите велат дека актуелната состојба претставува ризики во насока за намалување на цените пред викенд. Челниците на државите на еврозоната во понеделник ќе одржат итен состанок во обид да се избегне состојбата во која Грција нема да може на време да ги враќа долговите.
-Нафтените пазари не ги земаат многу во предвид грчките ризици, но за повеќето растот на европската нафтена побарувачка оваа година се должи на јужноевропските држати. Поради тоа банкротот на Грција и ширењето на негативното влијание во вид на премии за ризик на државите во регионот негативно влијае на европската побарувачка за нафта – рече Оливие Јакоб во компанијата Petromatrix.
Саудискиот министер за нафта Али ал-Наими оптимистичен е во врска со берзите во наредните месеци, со оглед на зголемената побарувачка и падот на залихите, пренесоа во четвртокот локалните државни медиуми. Американските залихи на сирова нафта во минатата недела повторно се намалени, покажаа најновите извештаи.
И покрај силната побарувачка понудата за нафта е повеќе од обилна. Во околности на зголемени испораки на сирова нафта од Северното море и Нигерија се намалуваат разликите во цените на лондонската и на американската берза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.