| четврток, 6 декември 2018 |

Грците вчера повлекле над една милијарда евра од банките

грци

Грчките вложувачи повлекле вчера над една милијарда евра од банките само во рамки на еден ден, изјавија тројца високи банкарски службеници, истакнувајќи дека темпото на повлекување пари од банките се забрзало, откако преговорите меѓу грчката влада и кредиторите не успеаја, пишува весникот „Катимерини“.

За периодот меѓу понеделник и четврток, од депозитите биле повлечени околу три милијарди евра, што претставува околу 2,2 проценти од вкупниот обем на лични и корпоративни депозити, вложени во грчки банки, според податоци од крајот на април.

– Нема редици или паника, повлекувањето се врши мирно и постепено. Тоа се должи на загриженоста дали Владата ќе постигне договор со кредиторите на земјата – изјави еден од банкарите.

Централната банка одби да коментира, наведува „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top