| четврток, 6 декември 2018 |

Почна петтата средба на партиските лидери

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна петтата средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, ­Никола Груевски од ВМРО­-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

liderska.jpg-500

 

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Поповски, Заев од Рената Тренеска Десковска, член на извршен одбор на СДСМ, Ахмети од пратеникот Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top