Во текот на оваа година Сонцето повторно ќе протатне силно достигнувајќи го врвот на својата активност по втор пат во последниве 2 години – тврдат научниците.
Тие велат дека нашата ѕвезда беше изненадувачки тивка откако кон крајот на 2011 година имаше серија ерупции и огнени јазици. Но, се работи за период меѓу двата врва кои формираат „соларен максимум“ на моменталниот 11-годишен циклус на сонцето.
– Ако погледнеме назад во историјата, ќе видиме дека многу од претходните соларни циклуси не го достигнале максимумот само еднаш, туку двапати. Мислиме дека ниту овој циклус нема да биде исклучок. Досега Сонцето еднаш веќе го достигна максимумот на својата активност и сметаме дека во текот на оваа година ќе го дочекаме моментот кога повторно ќе го достигне врвот на својата активност – изјавува Алекс Јунг, соларен физичар од НАСА.
Многу научници следејќи ја соларната шема предвидуваат дека таа активност на Сонцето ќе се случи во мај годинава, но со оглед на тоа колку е Сонцето тивко во последниов период, таа активност најверојатно ќе се одложи до ноември, а можно е да се случи и на почетокот на 2014 година. Кога се вели дека Сонцето сега е тивко, не значи дека е безживотно. Всушност, на 25 март нашата ѕвезда создаде огромен облак од суперзагреана плазма „венечно масовно исфрлање“.Ова исфрлање ѝ донесе на Земјата мал удар, два дена подоцна што предизвика мали геомагнетни бури кои немаа сериозни последици. Ваква моќна ерупција би можела да има и сериозни последици како бури, привремено онеспособување на електричната енергија во светот, радиосигналите и интернетот.
Но, не сите соларни ерупции се негативни. Тие, исто така, може да ги засилат северните и јужните светла познати како „Аурора“ и да им пружат на набљудувачите на небото вистинско задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.