Светскиот индекс на најиновативни градови се засновува на основните фактори, како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата, јави порталот МКД.
На европската листа на најиновативни градови на континентот, од 1.200 града Скопје се наоѓа на последното место, а на светската листа – од 3.500 града, Скопје се наоѓа на 3.485-то место, односно на 15-то место одзади.
Светскиот индекс на најиновативни градови се засновува на основните фактори, како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата.
Од градовите во регионот, Белград е на 120. место и во Европа и во светот, Загреб на 173-то, а Љубљана на 177. во Европа.
На првото место на светската листа се наоѓа Бостон, а потоа следува Њујорк, додека Виена е на третото место. Лондон е седми, Лос Анџелес 12-ти, а Дубаи е на 34-то место.
На европската листа на градови на првото место е Виена, а потоа следуваат Париз, Минхен и Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.