| четврток, 6 декември 2018 |

Германија под истрага на ЕУ поради патарините

Европската унија покрена правен случај во врска со плановите на Германија да воведе патарини на своите автопати со цел да добие пари од странските возачи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц објасни дека случајот е започнат затоа што постојат сериозни сомневања за дискриминација од страна на Германија.

За разлика од странците кои ќе мораат да платат патарина, германските возачи сумата што ќе ја платат за патарини ќе ја добијат назад преку компензација, односно со кратење на дел од давачките при регистрација на возилата.

Според планот на германската влада, патарините треба да бидат воведени од 2016 година, а според Министерството за транспорт, тие би требало да донесат половина милијарда евра годишно во федералниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top