| четврток, 6 декември 2018 |

Како полесно да станете наутро?

Многумина имаат потешкотии со станувањето рано наутро. Овие неколку совети ќе ви помогнат да ја подобрите таа состојба:

1. Одредете си добра причина за да станете

Првиот совет е најважниот. Доколку не сте убедени дека стнаувањето е важно, ќе се противите со сите сили. Макар и да се работи за обврска која не ви се допаѓа, доколку знаете дека е важна, обидете се со автосугестија. Кога ќе знаете дека мора да станете, тоа ќе оди далеку полесно.

2. Бидете продуктивни

При градењето навика, мора да имате чувство на корисност. Доколку веднаш по станувањето започнете со бесцелно талкање низ домот, гледање телевизија или разгледување на содржините што во меѓувреме излегле на интернет, следниот ден многу потешко ќе се одлучите да станете во истото време. Зацртајте си план со нештата кои мора да ги завршите и потоа држете се до него, дури и ако тоа не ви е баш по волја.

3 Бидете наспани

Општопознато е дека на организмот му се потребни барем 8 часа сон за добар одмор. Не можете да очекувате дека без проблем ќе станете во 7 часот наутро, доколку си легнете во 4 по полноќ. Понекогаш, доколку е неопходно, можете да го скусите времето на спиење, но гледајте тоа да не се претвори во навика (да не е повеќе од 2 до 3 дена по ред).

4. Спијте убаво

Можно е да спиете 12 часа, а да се разбудите со чувство како воопшто да не сте легнале. Не е секогаш поентата во времетраењето на сонот, туку во квалитетот на истиот. Затоа е важно да имате оптмиални услови – затемнета и проветрена соба, а пред сѐ квалитетен душек и перница која ќе ви обезбеди добра потпора на вратот.

5. Станете веднаш

Штом ќе започне да ѕвони алармот, не притискајте на она копче што ви овозможува уште некоја минута слобода од пискавиот звук. Станете веднаш. Колку повеќе одолговлекувате, толку потешко ќе ви биде по станувањето.  Излезете од креветот во истиот миг штом ќе се разбудите. Далеку од очи, далеку и од срце, па доколку сте во можност, излезете и од спалната. Така ќе немате шанса да паднете во искушение.

6. Позиционирајте го алармот подалеку од себе

Не само што така нема да можете да го одолговлечите будењето, туку ќе мора да станете за да го исклучите. А штом веќе ќе станете од креветот, веќе ќе нема поента да легнувате. Кога ќе стекнете навика на рано стнаување, многу е веројатно дека ќе се будите некоја минута пред одреденото време за ѕвонење на алармот, само за да не мора да го чуете звукот.

7. Најдете задоволство во раното станување

Зацртаните обврски нема да се доволни за да се мотивирате постојано да станувате рано. Најдете и некое задоволство што дополнително ќе ве мотивира да го започнете денот уште со утрото. Создадете си ритуал на подготовка на некој омилен појадок, сварете си кафе и пијте го со омилениот весник, во суштина, која било активност која ќе ве направи посреќни.

8. Имајте ги на ум и последиците

Позитивната мотивација е секогаш добра, но не заборавајте да ги имате предвид и последиците од потенцијалното успивање. На пример, во зависност од вашиот шеф, ако задоцните на работа, можеби ќе треба да останете подоцна за да ги завршите обврските, а доколку доцнењето ви прерасне во навика, може да заработите и отказ.

Дополнителен совет – во деновите кога немате обврски (викенди, празници итн.), не останувајте во кревет многу подолго одошто тоа ви го налага рутината за работните денови. Доколку се изнаспиете во тие денови, потоа ќе ви биде многу потешко да се вратите во нормала.

Извор: dormeo.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top