| четврток, 6 декември 2018 |

Карабатиќ лут: Девојка ми и брат ми се обложувале од мојот телефон

Спортската јавност во Франција и во Европа овие денови е свртена кон Монпелје каде се одвива судењето на браќата Карабатиќ и уште неколку ракометари во врска со лажирање на натпревар од францускиот шампионат и обложување на него.
На браќата Карабатиќ, кои се предводници на шампионската генерација на францускиот национален тим, им се заканува и затворска казна од по пет години, но Никола, кој му е соиграч на Кире Лазаров во Барселона, тврди дека е невин по сите точки од обвинението.

Тој на денешното сослушување ја потврди истата изјава, отфрлувајќи ги сите точки по обвинението и префрлувајќи ја вината на неговата девојка.

– Никогаш не сум учествувал во било какви противзаконски активности, но по појавувањето на првичните информации открив дека мојата девојка Џералдин ја има симнато апликацијата за обложување на мојот телефон. Сега сите се сомневаат во мене и тоа многу боли, пред се бидејќи како човек сум голем борец и никогаш во животот не сум излегол на терен со намера, ниту со мисла да загубам натпревар. Никогаш не би се обложувал на мојот спорт – дециден е на ставот Никола Карабатиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top